Кој е Тод Боили? Новиот сопственик на Челси

Ерата на Роман Абрамович во Челси која траеше деветнаесет години заврши, а тимот од „Стенфорд бриџ“ доцна синоќа доби нов сопственик во името на Тод Боили.

Тод Боили е американски бизнисмен, инвеститор и филантроп. Тој е коосновач, извршен директор и член на бордот на „Елдриџ индустрис“, а од октомври 2021 година е и вршител на дејноста извршен директор на „Холивуд форин прес асоцијацијата“.

Во светот на бизнисот е од 2015 година и практично нема област во која тој нема улога. Сопственик е на американскиот бејзбол тим на Лос Анџелес Доџерс, а има акции и во Лејкерс. Од 2017 до 2021 година секогаш се наоѓаше на листата на 500 највлијателни луѓе во светот на бизнисот, а активно учествува и во голем број хуманитарни акции.

Посебно е горд на работата во организациите кои се занимаваат со пронаоѓање лек за епилепсија и рак на простатата.

 

Се вчитува...