Кога ќе почне новата НБА сезона?

Нецел месец по „крунисувањето“ на ЛА Лејкерс за нови шампиони, раководството на НБА лигата се соочува со сериозни проблеми за запазување на временскиот прозорец за усогласување на крајот на претстоечката сезона, за истата да може да финишира пред почетокот на Олимписките игри.

Комисионерот Адам Силвер и останатиот дел од раководството настојуваат почетокот на новата сезона да биде пред католички Божиќ (22 декември) и да бидат одиграни 72 натпревари, додека Здружението на играчи смета дека овој датум не е доволен за одмор на играчите кои настапија во „балонот“ во Орландо, и почетокот на сезоната треба да биде на денот посветен на Мартин Лутер Кинг (18 јануари).

Во изминатиот период дел од играчите се заканија дека „ветераните“ воопшто нема да настапат во првиот месец од натпреварувањето , додека Леброн Џејмс изјави дека во првиот дел од сезоната нема да игра одбрана.

Според американските аналитичари, неприфаќањето на датумот предложен од раководството на лигата би довел до огромна финансиска загуба, од 500 милиони до една милијарда долари.

Се вчитува...