Кој кого лаже: Зидан вели дека е болен, а Бејл игра голф во Шпанија

Реал Мадрид загуби од Тотенхем во полуфиналето од „Ауди Купот“ во Минхен, турнир за кој тренерот Зинедин Зидан реши воопшто со тимот да не патува Герет Бејл. Објаснувањето на францускиот стратег беше дел велшкиот ас е болен, но попладнево се појавија фотографии кои го демантираат Зидан. На нив се гледа како Бејл во добро расположение игра голф.

Според весникот „Ел Конфиденциал“, фотографиите се сликани токму во периодот кога Реал играше против Тотенхем. Повеќе од јасно е дека односот меѓу Бејл и Зидан е сериозно нарушен, но јавноста во Шпанија гласно прашува кој кого лаже, дали Бејл го излажал тренерот за болеста, или пак францускиот стратег ги изманипулирал новинарите да пренесат лажна информација.

Дел од медиумите пренесуваат дека Бејл инсистира на останување во Мадрид бидејќи е убеден дека Зидан наскоро може да си замине, но јасно е дека оваа „војна“ не носи корист никому во таборот на најтрофејниот европски клуб.

Се вчитува...