Кој му дозволува на Рамос да се облекува како шведски турист?

Возбудливо беше вчерашното Собрание на Реал Мадрид, на кое членовите на „кралскиот клуб“ имаа можност да дискутираат за причините за слабите резултати на „кралскиот клуб“. Сезоната без трофеј го зголеми притисокот врз Флорентино Перез, а на удар се најде и капитенот Серхио Рамос, и тоа не поради настапите на теренот, туку поради имиџот на облекување.

„Сакам да прашам кој му дозволува на Рамос да се облекува како шведски турист. Секој обичен човек може да се облекува како сака, јас можам да го правам тоа. Сепак, да не заборавиме дека тој е капитен на Реал Мадрид и за него мора да важат поинакви норми. Кога го видов последен пат се смеев, облечен во розева гардероба со капа како шведски турист. Тоа не смее да се случува“ – истакна еден од делегатите на собранието.

Претседателот Перез веднаш застана во одбрана на својот миленик.

„Сакам сите да ве потсетам дека зборуваме за Серхио Рамос, зборуваме за оној гол во Лисабон. Да се говори за нешто друго освен за неговите игри на теренот, сега не е време“ – одговори Флорентино Перез.

Се вчитува...