Кој вели дека Роналдо не трча? – Португалецот како „брзи воз“ го помина целиот стадион за 12 секунди (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо беше еден од најзаслужните за драматичниот триумф на Манчестер Јунајтед во синоќешната дерби-пресметка со Арсенал (3-2), одново испишувајќи нова страница од историјата на европскиот фудбал постигнувајќи го 800. гол во кариерата.

Тој реализира два погодока на „Олд Трафорд“, покажувајќи дека и со 36 години се уште има глад за тресење мрежи со што на најдобар начин му се наметна на новиот тренер, Ралф Рагник, кој средбата ја гледаше од трибините.

Британските медиуми потенцираат дека најимпресивно во синоќешниот дуел било покажаното во самиот финиш, кога во 87. минути полесно повреден направил неверојатен спринт со цел да му помогне на својот тим да го зголеми водството. Роналдо го претрча целиот терен во само 12 секунди, покажувајќи дека и покрај возраста се уште е во врвна физичка форма.

 

 

Се вчитува...