Која е следната дестинација на Никола Миротиќ?

Никола Миротиќ ја одби понудата на Партизан поради закани кон него и неговото семејство, а следната сезона во Србија ќе настапува само на гостувања, но останува да видиме кој ќе биде неговиот избор за нов клуб.

Постојат повеќе заинтереснирани клубови за досега најплатениот кошакар во Европа, а два се од Грција. Станува збор за Панатинаикос и Олимпијакос со два спортивни системи.

Популарниот „Пао“ ова лето направи целосен ребилдинг на тимот на чело со Ергин Атаман, додека Олимпијакос по двата последователни настапи на завршницата на Евролигата цели кон „трета среќа“ за освојување на шампионскиот трофеј, но овој пат со Миротиќ наместо со Везенков како лидер на тимот.

Покрај лутите грчки ривали интерес постои и од Олимпија Милано и Монако. Францускиот гигант кој неодамна го ангажираше Кемба Вокер составува дрим тим во Кнежевството, а Миротиќ и понатаму е желба на тренерот Саша Обрадовиќ.

Се вчитува...