Коке: Само оние кои шутираат можат да промашат

Коке беше еден од трагичарите на Шпанија во денешното осминафинале, промашувајќи го првиот од двата пенали што значеа елиминација на „црвената фурија“ од денешниот мундијал. Асот на Атлетико Мадрид доби шанса во стартниот тим, беше солиен во организацијата на нападите, но се е попусто кога не е остварена клучната цел – пласман во следната рунда.

„Селекторот ми пријде и ме праша дали сакам да шутирам, реков да. Секако дека жалам, од се срце сакав да погодам, но само на оние кои ќе соберат храброст да шутираат може да им се случи да промашат. Резултатот не беше фер, видовте на теренот дека цело време диктиравме темпо, но не најдовме простор кога противникот се бранеше со 11 играчи. Логично е да сме разочарани, знаеме какви се секогаш очекувањата од Шпанија, но овојпат не успеавме“ – изјави Коке.

Се вчитува...