„Коктел љубави“ и Словенија – Мајк Тоби е прав Балканец (ВИДЕО)

Словенската кошаркарска репрезентација е топ хит на Олимписките игри во Токио. Селекцијата предводена од „чудото од дете“, Лука Дончиќ успеа да нанижи победи против великаните, а беше и на чекор до изборување на финале, но на крајот ќе игра за бронзениот медал против Австралија.

Она што ги краси Словенците на Игрите е тимската хемија, а тоа го докажува и последното видео од натурализираниот Словенец со американско потекло, Мајк Тоби кој ужива во песната „Коктел љубави“ како вистински Балканец.

Се вчитува...