Кол: АБА треба да се засрами, „мајсторката“ не смееше да се игра

Будуќност претрпе катастрофален пораз во мајсторката за титулата во АБА-лигата, но во таборот на црногорскиот гигант остануваат на ставот дека мечот воопшто не требал да се одигра во хаотичната атмосфера откако уште при самото загревање дојде до инцидент меѓу белградските навивачи и кошаркарите на Будуќност. Поради ова тие се повлекоа во соблекувалната и по долго убедување се вратија назад да го одиграат натпреварот, нo беа предалеку од посакуваното ниво за едно финале.

„АБА-лигата треба да се срами за се што ни се случуваше денеска, ова е најнепрофесионалниот амбиент во кој имам играно. Фрлаа столици, пијалоци, плукаа на нас, користеа пиротехника. Нивните навивачи не напднаа за време на загревањето, мечот беше апсолутно небезбеден за играње. А тогаш, челниците на АБА ни се закануваа дека ќе ни ја одземат титулата без борба ако не се појавимe на теренот“ – истакна Норис Кол, еден од најдобрите кошаркари на Будуќност сезонава.

АБА сигурно ќе ја казни Црвена звезда за инцидентите во пресрет на мајсторката, но тоа нема да биде никаква утеха за Будуќност, откако црногорскиот тим остана без трофејот кој значи и учество во Евролигата за наредната сезона.

U Podgorici naši navijači nisu uletali na teren i prekidali igrače u zagrevanju. Nisu dirnuli nijednog košarkaša. Nisu bacali stolice ili čaše sa sokovima na teren. I na kraju, ABA liga je reagovala, a to nije učinila u Beogradu. Naši navijači u Podgorici nisu divljali na terenu za igru“, istakao je Noris Kol.

Се вчитува...