Кол Палмер е најдобриот играч на Челси во последните две години, но по некои параметри е најдобар играч и во целата Премиерлига. Палмер дојде во Челси од Манчестер Сити. Во тимот на Пеп Гвардиола имаше споредна улога, доаѓаше од клупата и не придонесуваше премногу поради недостигот на минутажа и високата конкуренција.
Сепак, се се промени кога тој пристигна на „Стемфорд бриџ“. Палмер стана главна напаѓачка опција на Челси и еден од најдобрите напаѓачи во Премиерлигата. Сепак, статистиката која ја вклучува претходната и тековната сезона покажува дека е најдобар. Палмер е играчот со најмногу голови и асистенции комбинирани во претходните две сезони во Премиерлигата. Англискиот репрезентативец учествуваше со 44 гола, додека Ерлинг Халанд е втор со два помалку.
Палмер постигна 28 гола и додаде 16 асистенции во претходните две сезони. Тој не е најдобар стрелец на листата, но е најдобар асистент заедно со Букајо Сака. Зад Палмер и Халанд се Воткинс, Салах и Сака.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА