Ново лондонско дерби помеѓу Челси и Арсенал е закажано за оваа недела во 17.30 часот. Двата тима доаѓаат во одличен ритам, а одлични вести пристигнаа за синиот дел од Лондон.
Нивниот најдобар играч и најголема ѕвезда Кол Палмер ќе биде подготвен за судирот со нивните лути ривали. „Десетката“ на Челси е надвор од терените од 20. септември и поразот од Манчестер Јунајтед (2-1).
Сега, по два месеци, тој е подготвен предизвиците што претстојат. Челси е шест бода зад Арсенал, а со победа би дошле на само три.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

