Колапс на Шалке: Кој не сака да игра, не мора

Од една од најдобрите организации во германскиот фудбал до целосен колапс. Ова е приказната на Шалке, клубот во кој владее вистински хаос откако на четири кола пред крајот на Бундеслигата и математички отпадна од најсилното натпреварување во Германија.

По нападот на навивачите над фудбалерите и вработените во клубот од пред некоја вечер, на „Велнес Арена“ владее вонредна состојба. Играчите немаат тренирано два дена, а денеска спортскиот директор на клубот, Петер Кнебел им соопштил на фудбалерите дека имаат целосна слобода до крајот на првенството и по неговото завршување.

„Разговаравме со секој од фубалерите еден по еден и им понудувме помош. Им кажавме дека доколку не сакаат да ги одиграат преостанатите четири натпревари во лигата и не мораат. Ќе се избориме и со тоа“, изјави Кнебел.

Се вчитува...