Коларов не може ни да оди, камоли да игра за Србија

Стратегот на Рома, Еузебио ди Франческо, јасно стави до знаење дека Александар Коларов нема да биде во можност да настапи на следните две средби на српската репрезентација во Лигата на Нации. Србија на 11 октомври во Подгорица игра со Црна Гора, три дена подоцна гостува во Букурешт на Романија, дуели за кои Коларов беше повикан, но нема да може да им помогне на соиграчите.

„Коларов нема да биде повикан за натпреварот со Емполи, денеска не можеше ниту да оди, камоли да трче. Мораме да му честитаме за пожртвуваноста што ја покажа, и начинот на кој играше на последните средби. Јас никогаш не ги коментирам повиците на селекторите, не сум се ни слушнал со српскиот кормилар, но во случајов ситуацијата е јасна, Коларов не може ни да оди, камоли да игра фудбал за Србија“ – изјави шефот на стручниот штаб на Рома.

Се вчитува...