Колисон повторно во НБА: Се врати од пензија поради Лејкерси

Лос Анџелес Лејкерс потпиша десетдневен договор со Дарен Колисон, кој по три години се враќа во најсилната лига. Колисон треба да биде дел од тимот за натпреварот против Бруклин Нетс.

Според „ESPN“, тој неодамна тренираше во Лејкерс центарот. Потсетуваме, 34-годишниот кошаркар ги изненади сите со своето пензионирање во 2019 година, кога ја заврши сезоната со Индијана Пејсерс.

Претходните години преговараше со одредени тимови за враќање во најсилната лига на светот и конечно се согласи да игра за Лејкерси. Колисон беше играч на Њу Орлеанс, Индијана, Далас, Клиперс и Сакраменто.

Тимот од Лос Анџелес потпиша и десетдневен договор со Стенли Џонсон. Лејкерси играат против Нетс ноќта помеѓу сабота и недела.

 

 

 

Се вчитува...