Колку се слатки: Серена Вилијамс ја покажа ќеркичката

Американската тенисерка Серена Вилијамс ужива во мајчинството, а одлучи да ја покаже својата слатка ќеркичка на јавноста. Малата Алексис Олимпија Оханијан спие на градите на својата мајка, фотографија што секако ја отсликува хармонијата на некогаш најдобрата светска тенисерка.

„Запознајте ја Алексис Олимпија Оханијан јуниор, нашата преслатка ќеркичка“, објави Серена Вилијамс на Инстаграм. Секако, доби милиони пораки дека и двете се преслатки и треба да ужива во улогата на мајка.

Се вчитува...