Колмен го победи Лајлс во спринтерската битка на СП во Глазгов

Кристијан Колмен се закити со златниот медал на трката на 60 метри на Светското првенство во сала што се одржува во Глазгов, откако во спринтерската битка беше подобар од Ноа Лајлс.

Американецот Колмен, кој е и светски рекордер на оваа делница, успеа да триумфира со време од 6,41 секунди, само три стотинки побрзо од Лајлс, кој е светски првак на 100 и на 200 метри, но не успеа да се закити и со спринтерската круна на најкратката делница во сала.

Третото место му припадна на Аким Блејк од Јамајка со време 6,44 секунди.

Се вчитува...