Коло Муани го моли Ајнтрахт Франкфурт: Пуштете ме во ПСЖ

ПСЖ испрати понуда до Ајнтрахт Франкфурт за услугите на напаѓачот Коло Муани. Некогашниот освојувач на Лигата на Европа доби одлична понуда од страна на францускиот првак, но бара повеќе пари.

Во меѓувреме самиот играч изрази желба да се пресели во Париз, и тоа им го соопштил на челниците на својот тим. Смета дека трансфер во ПСЖ е прилика која се пружа еднаш во животот.

„Го сакам Ајнтрахт многу. Им го дадов срцето на навивачите и секогаш се однесував професионално кон сите. Секогаш давав се од себе тимот да заврши што погоре на табелата. Но, не е тајна дека ПСЖ даде рекордна понуда за мене. Сакам да се преселам во Париз и тоа им го кажав на челниците на Ајнтрахт. Се надевам дека двете страни ќе се договорат и трансферот ќе се случи. Ова е посебна можност за мене“, рече Коло Муани.

Се вчитува...