Коло Туре назначен за асистент на Брегот на Слоновата Коска

Од неодамна пензионираниот фудбалер, Коло Туре е назначен за асистент тренер на селекторот Марк Вилмотс, во репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска.

Екс-фудбалерот на Арсенал, Сити и Ливерпул, од неодамна стави крај на професионалната кариера, веднаш по пензионирањето остана во Селтик како технички асистент на првиот тим.

Туре помина 17 години во Премиер-лигата, два пати беше шампион на првенството. „Непобедлив“ со Арсенал во сезоната 2003/2004, а клучна улога имаше и во шампионската, 2011/2012 сезона со Манчестер сити. Дефанзивецот со Селтик успеа да постигне единствен учинок како фудбалер. Тој е првиот играч во историјата на овој спорт, кој успеал да освои титула во домашно првенство без пораз, но со два различни клуба, во две различни првенства.

Неговото прво појавување како помошник на шефот на стручниот штаб на БСК, ќе биде на 6. октоври (утре) на средбата против репрезентацијата на Мали, мечот кој e во рамките од квалификациите за Светското првенство во Русија.

 

Се вчитува...