Коман добива казна од 50.000 евра од Баерн затоа што на тренинг дошол со својот Мерцедес

Фудбалерот на Баерн, Кингсли Коман ќе добие казна од 50.000 евра од својот клуб поради бизарно прекршување на меѓусебниот договор.

Коман на тренингот на Баерн пристигнал во својот скапоцен Мерцедес, прекршувајќи го правилото дека на тренинг мора да се доаѓа со службените возила на Ауди кои им се доделени на играчите, затоа што Ауди долго време е спонзор на Баерн и поседува 8,33% од акциите на клубот.

Баерн, кој заработува околу 50 милиони евра од Ауди, вчера објави дека Французинот поради овој пропуст ќе биде казнет, а се шпекулира со сума од 50.000 евра.

Коман се огласи по овој случај и на бизарен начин се обиде да објасни зошто не дошол со Ауди на тренинг.

„Сакам да се извинам на клубот и на Ауди затоа што не дојдов со службеното возило. Причина е што ми беше оштетен ретровизорот. Но, тоа не е оправдување. За да се извинам за оваа грешка, ќе ја посетам фабриката на Ауди во Инголштад и ќе поделам автограми за вработените“ – порача Французинот.

Се вчитува...