Коментаторот на Арена во солзи: Ако Златко беше жив, ќе го гледаше натпреварот…

Веста за смртта на Златко Сарачевиќ тешко беше дочекана во ракометната јавност. Од легендарниот хрватски ракометар се низ солзи се опростија голем број на спортски работници, а еден од нив беше и коментаторот на Арена Спорт, Филип Бркиќ, кој веста ја дозна на работното место при пренос на натпреварот помеѓу ПСЖ и Монако.

„Извинете, на момент застанав. Ја слушнав најлошата вест, а тоа е дека. Дека замина големиот Златко Сарачевиќ. Извинете ми што во овој момент не сум со мислите на „Паркот на Принцевите“. За жал информацијата е потврдена. Во овој момент хрварскиот спорт остана без еден неверојатен човек, добар и вистински спортист. Да беше жив, сега ќе го гледаше овој натпревар, бидејќи е голем фан на францускиот фубал“ – низ солзи коментираше Бркиќ.

Бркиќ и Сарачевиќ повеќе пати соработува во преносите на ракометните првенства. Коментаторот успеа да се присобере на полувремето па порача…

„Големо дерби за крај на шокантниот ден во кој Хрватска остана без голем спортиски и голем човек. Златко Сарачевиќ. За жал, денеска изненадно почина по натпреварот на неговата Подравка против Локомотива, дербито на хрватското првенство кое Сарач го доби. На патот до дома… престана да чука срцето на големиот олимписки победник и еден од најголемите ракометари кои Хрватска некогаш го имала“.

Се вчитува...