„Комити“ го поддржаа новиот почеток за клубот – Секогаш до крај со Вардар (ВИДЕО/ ФОТО)

И најверните вардарови навивачи, „Комитите“, оние кои го одржаа во живот во клубот низ пролетниот дел од минатата сезона, и денеска на националната арена „Тодор Проески“ дадоа поддршка за новиот почеток на клубот.

„Комитите“ се појавија на западната страна од стадионот на тренингот на црвено-црните, поздравувајќи го новиот почеток…

Сите вардарови навивачи очекуваат стабилизација на клубот, и финансиска и организациска и кадровска, како веднаш би успеал низ првата своја второлигашка сезона во историјата експресно да се врати во Првата лига.

Фудбалерите на Вардар за момент го запреа и денешниот прв тренинг отпоздравувајќи им на „Комитите“.

Се вчитува...