„Комити“ и „Војводи“ го „запалија“ и тетовското Кале – слават една деценија братство (ВИДЕО)

Најверните вардарови навивачи „Комитите“ синоќа ги светнаа улиците на главниот град со своето дефиле пред дерби пресметката со Шкендија од фудбалскиот шампионат, закажана за утре од 13 часот на Националната Арена „Тодор Проески“.

Но, не само Скопје… „Комитите“ заедно со тетовските „Војводи“ синоќа со ‘герила’ акција под Шара го „запалија“ и тетовското Кале.

Како што најавија, „Комити“ и „Војводи“ во недела, на дуелот против Шкендија, ќе прослават една деценија братство, како еден од трите јубилеи што ќе се слават на западната трибина, заедно со 20 години од групата „Лојал Фанс“ и пет години од Комити Маџари.

Се вчитува...