„Комити“ слават, Гачевски им се придружи: Шампионе, шампионе, Вардаре (ФОТО+ВИДЕО)

Голманот на Вардар, Филип Гачевски ја предводеше навивачката група „Комити“ по натпреварот во Кавадарци. Тој се качи на трибината каде што беа најверните навивачи, и „диригираше“ песни за вардаровите фудбалери.

Вардарци долго по мечот славеа со својата навивачка група, која после две години дочека нивниот омилен тим да игра во Првата лига.

„Комити“ со нетрпение ја чекаат следната сезона, во која се надеваат најпрво Вардар да застане на здарви нозе, а потоа да се врати на старите шампионски патеки.

Се вчитува...