„Комити“ со одговор за провокациите на „Гробари“: „Живо ви е кралството колку и другарството“ (ФОТО)

Ракометниот шампион на Македонија загуби на гостувањето кај Партизан со 28-22 во последниот натпревар од групната фаза во регионалната СЕХА лига. Натпреварот помина во сенка на случувањата на трибините каде што навивачката група „Гробари“ цел меч провоцираше со скандалозни пароли.

Прво тие го истакнаа знамето на Грција на почетокот на мечот, а подоцна и излегоа со транспарент со кој Гоце Делчев го направија Бугарин. 

„Комитите“ кои не смеаја да влезат во салата до 55. минута сепак имаа подготвено одговор за „Гробарите“, а нивната парола гласеше…

„Живо ви е кралството колку и другарството“

 

Се вчитува...