Комити со песна и факели се загреваа низ улиците на Скопје за дербито со Шкендија (ФОТО)

Навивачката група „Комити“ го најави дербито со Шкендија со дефиле низ центарот на Скопје. Вардар ја пречекува Шкендија во дербито на македонскиот фудбал на арената „Тодор Проески“ во недела во 13 часот. Покрај прославата на есенската титула, навивачите на Вардар ќе имаат уште неколку јубилеи кои ќе ги прослават на првенствениот натпревар.

Имено, подгрупата на вардаровата навивачка група, „Лојал Фанс“ в недела слави 20 години од своето постоење, братството помеѓу Комити и навивачите на Тетекс, Војводи веќе брои 10 години, додека Комити Маџари ќе прослават 5 години.

Целата фотогалерија од дефилето можете да ја погледнете тука.

 

 

Се вчитува...