Комити: Вардар е заробен од себични и нафатирани олигарси, сега точно гледаме кој му помага на клубот

ФК Вардар и покрај силата која ја собра за старт на подготовките и повеќе од задоволувачки старт на пролетниот дел од сезоната, и покрај огромните проблеми, сосема е јасно се уште е „заложник“ на досегашниот негов сопственик Сергеј Самсоненко кој, и покрај долговите од 3,5 милиони евра како што соопшти градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, го остава најтрофејниот македонски клуб и со дополнителни

Сето тоа им е јасно и на „Комитите“ кои по денешниот дуел со Шкендија искажаа пофалба за фудбалерите, но и гнев поради, како што велат, што  Вардар е ‘заробен од себични и нафатирани олигарси’.

„Храбра игра, достоен пораз, ќе напредуваме со играта уште повеќе. Браво момци. Тука сме и во среда, каде доаѓаме без очекувања но со само една желба! Останува гневот кој се таложи, и кој само е прашање на време кога ќе експлодира. Гнев, затоа што она што за нас е свето, за некои е само објект за поткусурување. Гнев, затоа што сме избркани од својот дом само затоа што немаме имотен лист, иако живееме таму повеќе од 70 години. Гнев, затоа што сме заробени од себични и нафатирани олигарси, исфрустрирани до тој степен што ги фатило слепило, па не ги распознаваат боите на своите пулени. Гнев затоа што никој не застанува позади Вардар кога е тешко, а се китат со успесите, и се редат како на филмска лента генерали после битка… Е така нема да може! Ова е филтер кој мора да го поминат сите, само вистинските ќе испливаат и ќе застанат цврсто на земја, и кога тлото под нас тоне, и кога го користат Вардар како оружје за битки кои немаат допирна точка со спортот и фудбалот. Ние гледаме, помошта ја нема од онаму од каде треба да дојде, нели, од центарот за удирање по гради…, а доаѓа од таму од каде не очекувавме…Тоа ќе биде запаметено и испочитувано!“ – велат во својата реакција „Комитите“.

Во текот на вчерашниот ден и градоначалникот Шилегов истакна дека од страна на Самсоненко, ФК Вардар не само со долгови, туку е оставен буквално без никаков имот. Академијата е на неговата сопруга, а тренинг-центарот во Гази Баба (Хиподром – н.з.) е јавно приватно партнерство на општината и РК Вардар.

„Јас како градоначалник и Владата, зашто ПУИГ е сопственик на 49 отсто од акциите преземавме дејствија околу каматата (5 милиони денари) да се избрише за дебклокада, плус уплативме 5,8 милиони денари со цел да се деблокира сметката. Исто така, го замоливме Панчев да ја тргне блокадата, што и се случи и го доведовме клубот да може да аплицира со ваучерите од околу 340.000 евра за да се заврши сезоната. Патем бараме стратешки партнер за Вардар и очекуваме во текот на март да биде решено. Посветени сме на решавање на проблемот, превземаме конкретни чекори, но мислам дека за жал Вардар се злоупотребува во политичка смисла. Дали мислите дека ако дојде некој нов спонзор, на што интензивно работиме, дека така ладно ќе прифати да плати 3,5 милиони евра долг. Не е едноставно. Вардар е дел од македонската традиција, најдобар и најреномираниот клуб во Македонија и никој нема намера да го пушти низ вода. Но секој треба да си ја преземе одговорноста, тој што го направил долгот треба да си го плати. Немаме совршено никаков имот на Вардар, зошто е така – не знам. Академијата е на сопругата на Самсоненко, тренинг-центарот во Гази Баба (Хиподром – н.з.) е јавно приватно партнерство на општината и РК Вардар“, истакна Градоначалникот на Скопје.

Се вчитува...