КОМИТИ: Време е со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот

Вардар доживеа вистински дебакл, еден од најтешките порази во историјата на клубот, на денешното гостување против Силекс во Кратово. Сето тоа како уште еден чекор плус кон Втората лига за најтрофејниот македонски клуб.

„Комитите“ искажаа револт, за првпат оваа пролет, и од односот на пооделни фудбалери на теренот во Кратово, притоа потенцирајќи дека конечно можеби е дојдено време за крај на нивното учтиво однесување низ целокупната оваа приказна и конечно со име и презиме да ги прозиваат сите кои го доведоа клубот до оваа ситуација.

„Да се биде присутен и да се гледа Вардар во Кратово денес е казна Божја. За да се долови мизеријата, доволно е да се напомене дека при резултат од 6:0 најдобар поединец беше голманот Илиќ, и само уште еден достоен да го носи дресот на Вардар беше ветеранот Шиле. За другите што да се каже – статисти, манекени и повеќе играчи и асистенти на противничкиот тим отколку на Вардар. Одбрана швајцарско сирење ! Средина непостоечка ! Напад јалов ! Вакво газење на честа на клубот е незапаметено и крајно недозволиво, и време е за радикални промени но и да се сносат последиците. Нема повеќе никакво алиби ! Време е да почнеме со име и презиме да ги прозиваме душманите на клубот. Време е за одговорност ! Спиете ли мирно Сергеј Самсоненко и Петре Шилегов?“ – се вели во реакцијата на „Комитите“, единствените кои оваа пролет го одржуваат во живот

Па, јавноста сега ги очекува имињата и презимињата на сите одговорни за актуелната ситуација. Иако, на сите добри познавачи на македонските фудбалски услови јасно им е дека целокупната одговорност е единствено на оние кои изминативе седум години го водеа клубот и се уште се актуелни сопственици – на чело со Сергеј Самсоненко!

Се вчитува...