Комо стигна до убедлива победа во 12. коло од италијанското првенство славејќи на гостувањето кај Торино со убедливи 1-5.
Голеадата ја започна Адаи во 36. минута од средбата, а Торино успеа да изедначи во втората минута од судиското продолжение на првото полувреме преку Влашиќ кој реализираше пенал.
Адаи возврати со својот втор гол во 52. минута за ново водство на гостите по што мрежата ја тресеа и Рамон во 72. минута, Паз во 78. минута и Батурина во 86. минута за убедлив триумф во сезоната.
Bringing all three points at home 💪 pic.twitter.com/E5HcEu9Sk0
— Como1907 (@Como_1907) November 24, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

