Комо ја оправда фаворитската улога на домашниот дуел против Сасуоло, меч што избраниците на Цеск Фабрегас рутински го добија со резултат 2-0.
Тимот на Цеск Фабрегас има само еден пораз во досегашните 13 рунди, а покрај шесте нерешени средби вечерва стигна и до шестата победа. Доувикас одлично се снајде во 14. минута и го отвори резултатот, значително олеснувајќи ја задачата на Комо на овој меч.
Згора на тоа, Сасуоло на самиот старт од второто полувреме остана без својот најважен играч Доменико Берарди, кој се повреди и мораше да биде заменет во 51. минута. Гостите делуваа во шок, а Комо го искористи тоа и само две минути подоцна постигна и втор гол, преку Морено, за печат на оваа заслужена победа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

