Баерн Минхен беше шокиран на гостувањето против Викинг, на кое баварците важеа за огромни фаворити, но на крајот освоија само еден бод (3-3).
Германскиот првак се врати од негатива од 2-0, поведе со 2-3, но потоа клучен момент беше исклучувањето на Михаел Олис, кој наседна на една провокација и удри со топката противнички фудбалер, по што беше испратен на ладење во соблекувалнат.а
Тренерот Винсент Компани досега секогаш застануваше во одбрана на своите фудбалери, но синоќа јасно стави до знаење дека е разочаран од она што го напправи Олис.
„Тој е фудбалер што секогаш ќе биде мета на провокации, тоа никако не смее да биде изговор. Целата ситуација е 100% негова вина, и тој го знае тоа. Разочаран е, знае дека го остави својот тим на цедило, свесен е за грешката што ја направил и тоа е сосема во ред. Не може да кажете дека сте заслужите да победите на натпревар коога ќе носите индивидуални одлуки како таа. Не заслуживме да победиме бидејќи такви работи не смеат да се случуваат во клуб како Баерн Минхен“, истакна Компани.
Тој не крие дека очекува далеку подобри изданија во одбраната откако Баерн делуваше заспано во дефанзива на двете средби по репрезентативната пауза.
„На овие два меча, со Аугсбург и со Викинг, енергијата беше добра, игавме брз фудбал, создававме шанси… Но исто така и му дозволувавме на противникот да создава многу шанси, затоа и примаме толку голови. За мене како тренер, не е доволно да излезеш по мечот и да кажеш дека си заслужил да победиш, тоа мораш да го демонстрираш и на теенот“, порача стратегот на баварскиот гигант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
