КОМПЛЕТНА ТРАНСФЕР ЛИСТА – ПРВА ЛИГА: Шкендија со најсериозни засилувања, „пандевци“ со најмногу промени!

Прволигашкиот фудбал денеска се враќа на домашната спортска сцена со натпреварите од 19. коло.

И ако се суди според зимскиот преоден рок сосема е јасно дека новиот шампион на Македонија ќе се бара меѓу екипите на Струга ТЛ, Шкупи и Шкендија.

Струга ТЛ е во пол позиција, но под опасна закана од бранителот на трофејот Шкупи, кој во финишот од есенскиот дел успеа да намали од разликата на стружани. Шкендија, пак, од втор план ќе се надева дека овие два тима ќе прават „киксови“ за тие да стигнат до трофејот од кој сигурно не се откажуваат ако се суди според засилувањата оваа зима. Тетовци, всушност, имаат и најквалитетни засилувања во обидот да се направи конкурентен тим.

Ако Марјан Радески е најзвучното засилување за Струга ТЛ, тогаш сигурно Тотре, Максимов, Кака, Чинари се имиња кои треба да донесат сериозен квалитет за Шкендија.

Најголеми промени во составот од македонските прволигаши има кај Академија Пандев тимот кого го очекува битка за опстанок. „Пандевци“ донесоа 11 нови имиња за пролетниот дел од шампионатот низ кој ќе се бара опстанокот во елитата.

КОМПЛЕТНАТА ТРАНСФЕР ЛИСТА – ПРВА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА

Се вчитува...