Германскиот магазин „Der Spiegel“ ја продолжува серијата текстови за Кристијано Роналдо објавувајќи уште еден компромитирачки документ поврзан со случајот за силувањето на поранешната манекенка Кетрин Мајорга од 2009 година.
Откако беше објавен транскриптот од неговата изјава пред адвокатите во која се зборува дека Мајорга во текот на сексуалниот однос му велела на Роналдо да престане, денеска беше објавен документ според кој Португалецот го „купил“ молчењето на манекенката.
Роналдо и адвокатот на Мајорга во јануари 2010 година потпишале договор според кој таа добила 325.000 евра за да не почне правна постапка.
Меѓу документите кои ги поседува, магазинот тврди дека има и медицински извештај според кој Роналдо е заразен со ХИВ вирусот.
По осум години од случајот, Мајорга реши да зборува јавно бидејќи како што тврдат нејзините адвокати, договорот го потпишала во состојба на намалена пресметливост. Полицијата во Лас Вегас каде што се случил инцидентот повторно ја отвори истрагата.
Адвокатката на Мајорга објави и дека се појавила уште една жена кој тврди дека имала слично искуство со Португалецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА