Конечна пресуда: Киево со „минус три бода“ и 200.000 евра парична казна

Киево е казнет со одзмеање на три бода во оваа натпреварувачка сезона, како и со парична казна од 200.000 евра поради малверзациите во работата од страна на највисокото раководство на „летечките магариња“.

Случајот се водеше неколку месеци, за денеска да биде донесена и конечната одлука – Киево со бодовна негатива да влезе во сезоната, а претседателот Лука Кампедели е казнет со тримесечна суспензија. Во таборот на клубот од Верона владее задоволство по ваквиот развој на настаните откако обвинителството бараше одземање на 15 бодови, па ваквиот исход дури и се оценува како поволен за Киево.

Како што е објаснето, Киево е фатен во сериозни финансиски малверзации околу „пумпање“ на цените на играчите. Имено, претседателот Кампедели заедно со челниците на Чезена разменувал фудбалери по цена многу повисока од реалната, по што клубот создал лажна добивка од 25 милиони евра.

Се вчитува...