Конечно: Челси го претстави Бакајоко!

Долгоочекуваниот трансфер на Тиму Бакајоко во Челси е комплетиран. Шампионот на Англија „кешираше“ 40 милиони фунти за фудбалерот од средниот ред на Монако, Французинот потпиша петгодишен договор со „сините“.

Бакајоко е третиот фудбалер кој пристигна на „Стемфорд бриџ“ оваа сезона, по Антонио Рудигер и Вили Кабалјеро. Трансферот е втор најскап во историјата на клубот од Лондон, само за Фернандо Торес беше исплатена поголема сума во 2011 година.  Раководството се соочуваше со административни проблеми околу трансферот, Бакајоко се опоравуваше од мала повреда по што беа презакажани медицинските прегледи, но Конте може да биде заодоволен со ангажманот на 22-годишниот фудбалер од средниот ред.

bakajoko celsi 2

„Пресреќен сум што сум тука. Пораснав гледајќи ги натпреварите на Челси, па затоа не беше тешко да одлучам тука да ја продолжам мојата кариера. Со нетрпение го чекам почетокот на сезоната и ќе дадам се од себе да ја одбраниме титулата“, истакна Бакајоко во првото интервју за официјалниот сајт на новиот клуб.

 

Се вчитува...