Долгите преговори вродија со плод, па Челси и Реал Мадрид конечно се договорија околу висината на трансферот на Еден Азар, кој дефинитивно својата кариера ќе ја продолжи во дресот на „кралскиот клуб“. Реал Мадрид инсистираш на пониска отштета со оглед на фактот дека договорот на Азар истекува следното лето, но Челси остана доследен на своите ставови.
Така, лондонскиот клуб ќе заработи загарантирани 100 милиони евра од продажбата на Белгиецот. Вкупната висина на трансферот изнесува 140 милиони евра, а преостанатите 40 Челси ќе ги наплати преку неколку различни клаузули, за одиграни натпревари, постигнати голови и освоени трофеи на Азар во својот нов клуб.
Информацијата за тотален договор ја пренесоа и шпански и англиски медиуми, па се очекува трансферот да биде официјализиран во следните 24 часа, а Азар да биде претставен пред фановите на Реал Мадрид по завршувањето на обврските што Белгиецот ги има со својата репрезентација во квалификациите за ЕП 2020.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА