Конечно и Мурињо да добие некое дерби – Рома ја уништи Аталанта (ВИДЕО)

Рома стигна до убедлива победа на гостувањето кај Аталанта од 1-4 во дерби натпреварот од 18. коло во италијанската Серија А. Тами Абрахам уште во 1. минута донесе водство за „римската волчица“, а во 27. веќе беше 0-2 со голот на Заниоло. До крајот на првите 45 минути домаќините успеаја да намалат на 1-2 со погодокот на Муриел во судиското надополнување.

Во вториот дел прво главниот судија по ВАР консултација го поништи голот на Запата за (2-2) и кога домаќините не ги искористија своите шанси следуваше казната. Прво на 1-3 зголеми Смолинг во 73. минута, додека конечните 1-4 ги постави Абрахам со својот втор гол во 82. минута.

 

 

 

 

Се вчитува...