Конечно, олеснување за Ливерпул: Победа на гостувањето кај Вест Хем (ВИДЕО)

Ставен е крај на лошата серија на Ливерпул и на голгетерскиот пост на Александар Исак. Арне Слот го „преживеа“ првиот ултиматум, и со неговиот тим ги освои трите бода од гостувањето во Лондон, против Вест Хем со 0-2.

Самиот меч изобилувше со многу шанси, а први се заканија фудбалерите на Ливерпул преку Исак, па шанса имаше и Вирц, но головите се случија во вториот дел.

Најпрво во 60. минута Исак доби топка од Гакпо, со прецизен удар го совлада Ареола носејќи водство за својот тим. Во меѓувреме Вест Хем остана со играч помалку, откако беше исклучен Пакета, а тоа го искористи Гакпо кој во 92. минута од средбата успеа да ја обезбеди победата на Ливерпул.

Со истиот резултат славеше и Брајтон на гостувањето кај Нотингем Форест. Головите за гостите ги постигнаа Де Кујпер и Цимас.

Астон Вила со голот на Камара во 67. минута, го победи Вулверхемптон со минимални 1-0.

Се вчитува...