Конечно, победа на Детроит во НБА – Дерозан се врати по две недели изолација и ги растури Лејкерси

Се случи и тоа, Детроит конечно запиша победа. По 14 порази во низа кошаркарите на Детроит успеаја да го совладаат Мајами, а вратата на победата ја отвори Садик Беј со 26 поени.

Решавачка беше третата четвртина во која Пистонси направија дваесет поени разлика и без разлика што гостите се вратија на -5 во последните пет минути, домаќините успеаја да дојдат до победа. Гостите беа без седум играчи, а во тимот ги немаше најдобрите – Хиро, Адебај, Морис, Оладип, а на крајот на мечот се повреди и Пи Џеј Такер.

Без Дончиќ, Далас загуби на северот, Карл Ентони Таунс постигна 24 поени, Расел додаде 22, да биде уште полоша работата за Далас, Порзингис се повреди во третата четвртина.

Демар Дерозан се врати по две недели изолација и ги растури Лејкерси. Постигна 38 поени, се гледаше дека е желен за кошарка, а прележаната болест очигледно не оставила никаква трага на неговата форма. Чикаго загуби со поен, Дерозан погоди за пресврт. Ова беше прв натпревар на Чикаго во последните девет дена, претходните два се одложени. Кај Лејкерси Леброн запиша 31 поен, Ентони 21, Вестбрук 20.

Резултати:

Детроит – Мајами 100:90
Мемфис – Портланд 100: 105
Сакраменто – Сан Антонио 121:114
Чикаго – ЛА Лејкерс 115:110
Минесота – Далас 111: 105
Феникс – Шарлот 137: 106

Се вчитува...