Конечно победа на Работник во ЕХФ Купот: Падна Нексе во Битола

Ракометарите на Еурофарм Работник конечно во 4. коло стигнаа и до првата победа (29-28) во групната фаза од ЕХФ Купот. На домашен терен во Битола пред македонските ракометари падна хрватскиот вицешампион Нексе.

Од самиот почеток на натпреварот ракометарите на Стевче Алушовски јасно демонстрираа дека се желни за победа, отворајќи со водство од 4-0. Во продолжението Хрватите се созедоа па стигнаа и до негатива од само еден гол (6-5), но битолчани одржуваа победнички ритам задржувајќи ја предноста на полувремето од 14-12.

Во второто полувреме дополнително засилена игра во одбраната на Еурофарм Работник, сигурност во нападот за конечен триумф од 29-28.

Претходно, како што е познато, македонскиот тим загуби на трите натпревар од Татабања на домашен терен и од Хановер и Нексе на гости.

Во вториот натпревар во групата Хановер и Татабања одиграа без победник, 26-26.

Се вчитува...