Конечно победи во Премиер-лигата, па доби отказ

Норвич од единаесетти обид конечно успеа да стигне до првата победа во Премиер-лигата сезонава откако „канаринците“ на гостински терен го совладаа Брентфорд со 1-2.

Изненадувачки, токму по овој триумф управата на Норвич реши да му се заблагодари за услугите на менаџерот Даниел Фарке, кој долги години е предводник на овој тим. „Канаринците“ му искажаа доверба на Фарке додека тимот беше во длабока криза, за по денешниот триумф во Лондон да објават дека се разделуваат од германскиот стратег.

„Оваа одлука ја донесовме за да направиме добар потег за нашиот клуб. Знаеме колку беа посветени Даниел и неговиот стручен штаб, но сметам е дека сега е вистински момент за промена, да се обидеме да го задржиме премиерлигашкиот статус“, изјави спортскиот директор на Норвич, Стјуарт Вебер.

Фарке го водеше тимот на Норвич уште од 2017 година. Во изминатиот период тој двапати успеваше да влезе во Премиер-лигата, но немаше преголем успех кога станува збор за резултатите во елитното англиско фудбалско друштво.

Се вчитува...