Конечно: Погба по 26 месеци пауза се враќа на терените

Пол Погба конечно ќе добие шаса да потсети на своите фудбалски квалитети, откако поранешната суперѕвезда ги надмина проблемите со повредата и му се стави на располагање на тренерот на Монако.

Французинот е надвор од терените уште од септември 2023 кога како член на Јувентус беше позитивен на допинг-тест, по што доби и долга суспензиа. Во меѓувреме тој го раскина договорот со Јуве и во јуни потпиша договор со Монако, а „кнезовите“ подготвија и специјална тренинг-програма за да му помогнат да се врати во топ-форма.

За жал, неколкуте повреди во низа придонесоа неговиот камбек на терените да биде одложен, но сега и тој проблем е надминат. Како што информира „Л’Екип“, Погба е стопроцентно подготвен, тој во последните денови тренирал со остатокот од тимот и добил зелено светло за деби за првата екипа.

Монако викендов се среќава со Рен, меч на кој се очекува плејмејкерот да стартува од клупата, но и да добие шанса во второто полувреме, со што би се одбележал неговиот камбек по 26-месечна пауза од фудбалските терени.

Се вчитува...