Конечно: Симона Халеп на врвот на ВТА-листата

Симона Халеп конечно ќе се искачи на врвот на ВТА-листата, откако пласманот во големото финале од турнирот во Пекинг и донесе доволно бодови за да ја престигне Гарбине Мугуруза.

Романката годинава имаше три можности да дојде до врвот, но паѓаше на последната пречка. Сепак, Халеп не ја повтори грешката и овојпат, играјќи одличен тенис во полуфиналето против Остапенко, совладувајќи ја тенисерката од која загуби во финалето од Ролан Гарос со максимални 2-0 во сетови (6-2, 6-4).

Таа со пласманот во финалето веќе има 40 бода повеќе од Мугуруза, но разликата во случај на триумф на Халеп на турнирот во Пекинг би се искачила на 360 бода. Халеп во утрешното финале ќе се сретне со подобрата од вториот полуфинален дуел меѓу Каролин Гарсија и Петра Квитова.

Се вчитува...