Конференциска лига: Голеадата во Холандија за Фејенорд, реми на Лестер и Рома

Голеадата во Холандија помеѓу Фејенорд и Марсеј им припадна на домаќините кои славеа со 3-2 и пред ревнашот во Франција ќе имаат злато вреден гол. Сите дилеми за патникот во големото финале во мечот помеѓу Лестер и Рома ќе бидат одлучени во реваншот во Италија откако во Англија двата тима ремизираа со 1-1.

Фејенорд благодарение на Десерс и Синистера веќе во 20. минута имаше предност од 2-0, но гостите преку Диенг и Герсон успеаја да изедначат на 2-2 на полувремето. Десерс повторно ја затресе мрежата во 46. минута, за нова предност за својот тим, a резултатот 3-2 остана на семафорот до самиот крај.

Гостите од Италија на „Кинг Пауер“ поведоа преку Пелегрини во 15. минута, а предноста ја задржаа се до 67. минута кога Лукман успеа да го совлада Патицио и да изедначи на 1-1.

Се вчитува...