КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА: Полуфинале за Вест Хем, Базел преку продолжение до место меѓу четирите најдобри

Вест Хем е третиот полуфиналист во Конференциската лига на УЕФА откако триумфираше убедливо со 4-1 против Гент во реванш-дуелот, откако првиот меч во Белгија заврши без победник, 1-1.

Кујперс во 26. минута го донесе Гент до предност, но се потоа беше во знакот на Вест Хем.

Антонио во 37. минута израмни на 1-1, Пакета во 55. минута зголеми на 2-1, а со голот на Рајс во 58. минута веќе беше 3-1. Антонио со својот втор гол во 63. минута ги постави конечните 3-1.

Ница и Базел последниот полуфиналист го одлучија низ продолженија. Откако регуларниот дел од мечот заврши без победник, 1-1, како и на првиот натпревар во Базел (2-2), во продолженијата Базел постигна гол преку Адамс во 98. минута за победа од 1-2 и место во полуфиналето.

Се вчитува...