Конференциска Лига: Славија Прага и Витесе му се приклучија на Партизан во следната фаза

Славија Прага и Витесе им се приклучија на Партизан, Бодо/Глимт, Лестер, Марсеј и ПСВ во осминафиналето од Конференциската лига откако ги добија дуелите со Фенербахче, односно Рапид Виена.

Тимот од главниот град на Чешка славеше со идентичен резултат (3-2) како и на гостувањето во Истанбул, додека Витезе ја анулираше негативата од 1-2 од првиот натпревар одигран во Австрија откако славеше со 2-0.

Се вчитува...