Конор пред враќање во октагонот: За почеток борба со некој лесен противник

Ирскиот ММА борец Конор Мекгегор е една од најпопуларните личности во историјата на овој спорт, а неговата слава се уште привлекува големо внимание и покрај тоа што во последно време се помалку победува.

По двата неуспеси против Дастин Поариер, УФЦ размислува како најдобро да се заработи од публицитетот што го носи „Озлогласениот“.

Мек Грегор во неколку наврати изрази желба да се бори за титулата во категориите до 70 или 77 килограми, но тоа е тешко остварливо бидејќи 33-годишниот е поразен во три од последните четири меча.

Тој беше поразен од Хабиб Нурмагомедов во најгледаниот УФЦ настан во историјата, а потоа два пати беше поразен од Дастин Поариер. Во втората од овие борби Конор се здоби со повреда на ногата од која се уште се опоравува.

Коментаторот на „UFC“ и популарниот водител на подкаст Џо Роган ја коментираше ситуацијата во која моментално се наоѓа Мек Грегор. Тој беше гостин на друг подкаст, чиј водител беше боксерската легенда Мајк Тајсон, велејќи дека гледа враќање во октагонот за пргавиот Ирец.

„Ако Конор сака да биде успешен, мислам дека сега треба да добие противник кој е малку под првенството. Можеби некој помлад борец кој допрва се пробива, и против кој Конор може да добие предност. Треба да добие тест, а не да оди да се бори со Камару Усман. Сега му треба нешто слично на мечот што го имаше со Доналд (Каубојот-Серуни)“, изјави Џо Роган.

 

 

Се вчитува...