Констанца го победи Темишвар во „македонската“ пресметка во Романија

Констанца која од клупата ја предводи Звонко Шундовски, а во составот се македонските репрезентативци Никола Митревски и Велко Марковски славеше втора победа против Темишвар со Златко Даскаловски (29-24) во дуелот за 5.место во првенството на Романија. Тимот од југот на Романија беше поуспешне и во првиот меч на гостински терен (22-23) и во два меча беше решен конечниот пласман.

Никола Митревски одново беше еден од клучните играчи во триумфот на Констанца. Макеоднскиот репрезентативец го заврши мечот со 16 одбрани. А, како куриозитет на овој дуел се и двата гола на Велко Марковски кој вообичаено е задолжен за делот од одбраната.

Се вчитува...