Конте: Бевме очајни против Рома, треба да се срамиме

Англискиот првак Челси доживеа убедлив пораз (3-0) од Рома на „Олимпико“. Менаџерот Антонио Конте е бесен поради слабото издание на својот тим, како и за поразот што го доживеа во својата Италија.

„Кога ќе загубите 3-0, тогаш дефинитивно не сте играле добро. Ништо не беше добро, можам да кажам дека бевме и очајно лоши. Во првиот дел создадовме неколку шанси, но не ги реализиравме, а во второто бевме тотално надиграни. Рома покажа борбен карактер, како повеќе да ја посакуваше победата. Ние треба да се срамиме од ваквото издание“, изјави Антонио Конте.

Се вчитува...