Конте: Фудбалерите покажаа карактер, во второто полувреме излезе нов тим

Антонио Конте е задоволен од начинот на кој неговиот тим одговори по негативата од првото полувреме на мечот со Лидс, успевајќи да запише победа на домашен терен од 2-1 .

Италијанскиот стручњак во досегашната кариера има забелажано победи на сите свои деби натпревари.

„Овие три бода ни се важни, добивме многу тежок натпревар. Во првото полувреме се мачевме, особено физички, бидејќи Лидс внесе силен интензитет во натпреварот, тие вршеа притисок на сите делови од теренот. Во вториот дел како да излезе нов тим, ја променивме тактиката и планот, игравме со поголем интензитет од нив, создадовме многу шанси и мислам дека заслуживме да победиме. Лидс беше навистина добар во првото полувреме, беа побрзи од нас на топката, но мене особено ми е драго што моите фудбалери покажаа карактер и дадоа добар одговор во вториот дел. Одигравме добро и со многу самодоверба, а таквиот пристап ја донесе крајната победа“, заклучи Конте.

Се вчитува...