Конте го бара Артур од Барселона како дел од пакетот за Лаутаро Мартинез

Барселона инсистира на трансфер на аргентинскиот интернационалец Лаутаро Мартинез ова лето и подготвена е да ја плати отштетната клаузула вредна 111 милиони евра. Но, Интер нема така лесно да се откаже од одличниот напаѓач, а тренерот Антонио Конте возврати и со контра барање до „Камп Ноу“. Тој сака да го добие Бразилецот Артур во пакетот за Лаутаро Мартинез и тоа со вредност од околу 40 милиони евра.

Ова секако ќе направи проблеми во преговорите затоа што Барселона не би го продала одличниот играч за врска за помалку од 70 милиони евра. Тој има договор до 2024 година и Кике Сетиен во него гледа долгорочно решение за составот.

Глобалната финансиска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот сигурно ќе има влијание и на фудбалските трансфери. Барселона ги намали платите на фудбалерите за 70% додека трае кризата, а и Интер ја разгледува опцијата за кратење на трошоците.

Се вчитува...